За нас
Сојузот на истражувачи на Македонија, СИМ - Скопје, е здружение на граѓани во Република Северна Македонија, чија што цел е подобрување и промовирање истражувањето на сите нивоа, примена на научните истражувања во други дисциплини, како и подобрување на социјалниот статус на истражувачите во целина.
СИМ ги постигнува своите цели преку следните активности:
- организирање на научни и стручни конференции
- организирање на научни и стручни предавања, како и професионална обука
- организирање летни школи
- издавање на книги и научни списанија
- промоција на науката и истражувањето во Република Македонија и странство